Акција на МВР и УЈП во Тетово: Одземени ЦД-а

На 02.10.2024 во периодот од 13.20 часот до 15.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со инспектори од трудова инспекција, пазарна инспекција и Управата за јавни приходи извршиле акциска контрола во три деловни објекти на улица „Илинденска” во Тетово за откривање на кривични дела „повреда на авторски права и сродни права”, предвидено во член 157 од Кривичниот законик.

При контрола во објектот сопственост на Х.М.(49) од  с.Мала Речица, тетовско, биле пронајдени и одземени 665 цд–а за кои не поседувал соодветна документација, како и куќиште од компјутер без соодветна лиценца. При контрола во деловен објект без фирма, сопственост на С.К.(63) од Тетово, биле пронајдени и одземени 204 цд–а за кои не поседувал соодветна документација. Додека, при контрола во деловен објект, сопственост на А.И.(56) од с.Голема Речица, тетовско, биле пронајдени и одземени 1337 цд– а за кои не поседувал соодветна документација. Преземени се соодветни мерки и активности од делокругот на работата на државните органи, при што бил сочинет соодветен записник од инспекцискиот надзор.

Треба да знаете
Последни објави