Колку сол треба да ставите во киселата зелка?

Тешко е да се замисли зимската трпеза без кисела зелка, но многу треба да се внимава зелката да не биде несолена или премногу солена.

Доколку и вие имате вакво искуство и не знаете колку точно сол треба да се додаде во одредена количина на вода, еве го одговорот.

Без разлика дали ја сакате киселата зелка малку посолена или не, има оптимална количина на сол што треба да ја ставите во подготовката.

Искусните велат дека тоа е 400 грама сол на 10 литри вода, но важно е каква сол ја користите.

Доколку сакате киселата зелка да биде вкусна, се препорачува да користите крупна морска сол, но важно е целосно да се раствори во вода пред да се истури во бурето.

Треба да знаете
Последни објави