Партиско владина пропаганда од директорите кон вработените во ФЗО

Меил со кој се фали работата на владата во нејзините први сто дена утрово ги дочека вработените во Фондот за здравствено осигурување, пренесува Независен.мк

Имено, двајцата директори, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, наводно до нив пратиле циркуларна пошта проследена со порака за тоа што направила владата.

„Благодароност до раководството и вработените кои го прават тоа возможно. Поттик да за 1 година влада постигнеме уште повеќе. За нашите осигуреници, за граѓаните, за Македонија“ пишува во меилот во кој има и креатива за достигнувањата на Владата.

На креативата меѓу достинувањата се наведени проширувањето на позитивната листа на лекови и вратен долг од ФЗО, но и нови странски инвестиции, раст на платите и пензиите, пари за општините, нешто што воопшто нема врска со дејноста на Фондот.

Клековски пред да стане директор на ФЗО долги години раководеше со голема граѓанска организација која мал милион пати организираше кампањи, обуки и истражувања околу партизирањето на институциите, но денес и самиот тој прави одредена партиско владина пропаганда внатре во државни институции.

Треба да знаете
Последни објави