Никогаш не заспивајте со шминка!

Секојдневната нега на лицето е клучна за здравата и блескава кожа, но ако дури и една вечер си легнете со шминка, може да направите значителна штета.

Доколку заборавите да ја отстраните шминката пред спиење, станете и исчистете ја, дури и ако користите само влажни марамици. Најдобро е да го исчистите лицето целосно, користејќи лосион за отстранување на шминка. Последиците од заспивањето со шминка може да бидат инфекции, деколорации, гнојни акни поради затнати пори, па дури и појава на груба кожа.

Освен оштетување на површината на кожата, ваквото прескокнување на вечерната рутина внесува нечистотии во порите, што го нарушува природното создавање на колаген и го забрзува процесот на стареење, предизвикувајќи појава на брчки. Долгорочно, може да доведе и до нееднаков тен на различни делови од лицето.

Посебно внимавајте на шминката околу очите и секогаш отстранувајте ја пудрата. Заспивањето со шминка нема никакви позитивни страни, па затоа, не дозволувајте оваа навика да стане дел од вашата рутина.

Треба да знаете
Последни објави