Андреас Иниеста става крај на фудбалската кариера

Славниот шпански фудбалер Андреас Иниеста наскоро ќе објави дека става крај на својата успешна професионална кариера, пренесуваат многу светски медиуми.

Наводно, оваа одлука поранешниот репрезентативец на „црвената фурија“ ќе ја соопшти на осми октомври, а тој датум го избрал бидејќи тоа е бројот што го носеше на својот дрес во текот на целата кариера.

Иниеста до ова лето играше во Обединетите Арапски Емирати, а по истекот на договорот тренираше самостојно со надеж дека ќе најде нова средина.

Но, бидејќи Шпанецот веќе има 40 години, на негова адреса не стигна соодветна понуда и тој реши да стави крај на успешната кариера, во која освои сè што можеше да освои со Барселона и шпанската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави