ССМ ја критикува Владата на Мицкоски за неисполнување на ветеното покачување на минималната плата

Владата предводена од Христијан Мицкоски не го исполни барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за приоритетно покачување на минималната плата на 450 евра во првите сто дена. Според претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и покрај изминатите 100 дена, сè уште нема покана за состанок на Економско-социјалниот совет каде што требаше да се дискутира ова прашање.

„Не би коментирал што се случи во првите 100 дена. Утре ќе биде 101. ден и ништо нема да биде сменето. Очекуваме да седнеме на седница на Економско-социјалниот совет и да ни кажат што направиле,“ изјави Трендафилов пред почетокот на конференцијата „Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици“, организирана од ССМ и Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Трендафилов истакна дека барањето за покачување на минималната плата доаѓа како резултат на тешката состојба на работниците, бидејќи 25.000 луѓе во државата живеат со минимална плата од 22.567 денари, а дел од нив примаат помалку од таа сума. Според него, еден синдикален кош за основни потреби веќе бара три минимални плати.

На денешниот состанок, на иницијатива на ССМ, за првпат се собираат претставници на синдикатите, работодавците, како и Министерствата за економија, труд и јавна администрација за да дискутираат за важноста на социјалниот дијалог.

Треба да знаете
Последни објави