Најдена бактерија во бомбиците кои ги консумирале децата од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

Најдена е бактерија во десертот „бомбици“ кои го консумирале децата од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, и тоа е најверојатно причината за труење на деца. Резултатите од анализите направени од страна на ИЈЗ покажале присуство на бактеријата „стафилококус ауреус“. Оваа бактерија укажува на нехигиена. Најдени биле од примерок земен од садовите и од работната површина во кујната.

„Од мострите храна, од испитуваниот примерок – бомбици, најдено е Стафилококус Ауреус и ентеротоксин позитивен, од сите брисови што се земени од површините и од садовите, само на еден сад било најдено зголемен број аеробни меозофилни бактерии што, нагласи Андоновска, укажуваат на нехигиенски услови. Брисевите од раце на сите вработени ги задоволуваат хигиенските стандарди. Брисевите од грло и нос на вработените се негативни“, изјави Д-р Марија Андоновска, в.д директор на ИЈЗ, пренесува Сител.

Од ИЈЗ најавија дека ова официјално ќе го достават до надлежните здравствени институции и АХВ.

Кујната на училиштето беше затворена во петокот од ДСЗИ.

Минатата недела 140 ученици се пожалиле на симптоми на труење, односно дијареја, повраќање, стомачни болки, а дел имале и покачена температура.

Треба да знаете
Последни објави