„Модата е вечна: Одржливост и иновации на 29-тиот Моден Викенд Скопје“

Моден Викенд Скопје се враќа со својата 29-та сезона во полн сјај, подготвен да ја редефинира модната сцена. Под мотото „Fashion Forever, од 25 до 28 октомври, Културниот Центар Лабораториум во Скопје ќе биде домаќин на најзначајниот моден настан во регионот, кој ќе ја истакне бескрајната моќ на модата како културна и економска сипа.

Ова издание ќе биде фокусирано на иновациите и одржливоста — теми кои ја обликуваат иднината на модната индустрија. Со особен акцент на креативната интерпретација, настанот ќе служи како платформа каде локалните таленти ќе се сретнат со глобалните трендови, додека традицијата и футуризмот ќе се преплетуваат во уникатен моден концепт.

FWSK29 започнува со специјална изложба курирана од Амбасадата на Шведска. Изложбата ,Fashion. Forever.” ќе ја нагласи циркуларната економија и еволуцијата на модната и текстилната индустрија, прикажувајќи ги најновите трендови, новите канали, иновативните алатки и бизнис модели. Главниот акцент на оваа сезона е поставен на одржливата мода, креирањето нови визии за модната иднина и ангажирањето на млади таленти кои преку свои уникатни решенија ќе покажат дека модата може да биде еколошки свесна.

Од изложбите кои ќе ја отворат програмата, до креативните панели и модните ревии, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во настани кои го поттикнуваат дијалогот за одговорноста на модната индустрија кон животната средина.

Моден Викенд Скопје е платформа за визионерите на модната иднина, каде секој чекор е инспириран од идејата дека модата вечна, секогаш прилагодлива на новите времиња и предизвици.

Не пропуштајте го овој исклучителен настан, каде што модата и културата се спојуваат во еден непрекинат тек на креативност и иновација.

Овој сет од настани е поддржан од пријателите на FWSK29:
Официјална локација на настанот: Куптурниот Центар Лабораториум Официјален пијалок: Tanqueray london Dry = гобален бренд на џин, познат по својот посебен и класичен вкус; Johnny Walker – најпознатото шкотско виски на светот, бренд роден од страст и верба; DON JUlo – врвен бренд на текила, основан од Дон Хулио Гонзалес во 1942 година во Мексико, омилена меѓу љубителите на текила. Schweppes – врвен освежителен пијалак со софистициран вкус, омилен меѓу оние кои бараат освежување со стил. Официјален парфем: Мартимекс со Версаче Официјален партнер за шминка: Revlon, во соработка со СУГС „Димитар Влахов“ Официјален партнер за фризури: Пегли и Фенови за коса philips, во соработка со СУГС „Димитар Влахов“ Партнер за грижа на ткаенините: Perwoll Renew.

Проектни партнери: Обуќа Метро, МG АRT, кp Chairs, Хотел Тимс, Аманти паста и вода Маја.

Треба да знаете
Последни објави