Килијан Мбапе ќе игра против Лил во ЛШ

Килијан Мбапе ќе игра против Лил во ЛШ. Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е во составот за натпреварот в среда на гостински терен против Лил во Лигата на шампиони и покрај шпекулациите дека ќе отсуствува неколку недели поради повреда на бутниот мускул објавија шпанските медиуми.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти го објави списокот на играчи за натпреварот против Лил и на него е Мбапе заедно со Винисиус, Родриго и Ендрик.

Мбапе го повреди бутниот мускул на левата нога минатата недела на крајот од натпреварот од Ла Лига против Алавес (3:2). 

Треба да знаете
Последни објави