Чупеска: Европскиот предлог и уставните измени ставаат крај на тезата еден народ во две држави

Осврнувајќи се на последните случувања во евроинтегративниот процес, професорката Ана Чупеска во емисијата „Само вистина“ оцени дека преговарачката рамка и европскиот предлог се најдоброто можно решение што во такви политички околности можело да се добие.

„Пред да дојдеме до европскиот предлог се сеќавате какви беа барањата на Бугарија? Тоа беа максималистички барања на Бугарија, и ако се сеќавате што се бараа Бугарите јас одговорно ви тврдам дека ова беше максимумот што можевме да го добиеме во тие политички околности. Особено што сите тие барања за јазикот и идентитетот се бенингнизираа и се сведоа да бидат на ниво на малцински права коишто ние веќе ги имаме во нашиот Устав, поговото во пакет со гарантирани права на другите заедници како Египќаните, Хрватите, сметам дека се извади максимум“ рече Чупеска.

Таа додаде дека Европскиот предлог во ниту еден случај не може да загрози ниту едно идентитетско прашање.

„Тврдам дека овој (европски) предлог во ниеден дел не може да го загрози јазикот, културата, името и идентитетот. Напротив, со такво одвојување на двете нации, конечно паѓа тезата еден народ две држави“ посочи Чупеска.

Треба да знаете
Последни објави