Поднесено обвинение против Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Поранешниот советник во општината и бизнисмен, Нефи Усеини за чие име во минатотo се врзуваа многу контраверзии и скандали, повторно е обвинет за бесправно градење. Заедно со уште еден сограѓанин на диво прошириле и надградиле куќа во центарот на Охрид, објаснуваат од Обвинителството.

-Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27.07.2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност, стои во соопштението од Обвинителството.

Против Усеини во овој предмет се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид.

Усеини е бизнисмен и претседател и на разгранокот на ДУИ во Охрид, кој доби осудителна пресуда за претепување на својот колега од претходниот состав, Џемал Мена. Нему му се судеше и беше ослободен од вина во случајот за претепувањето на сограѓанинот Спиро Топаловски, а откако охриѓанецот го промени исказот и рече дека, всушност, не бил тепан.

Усеини поднесе поднесе оставка во Советот во општина Охрид во јануари 2023 од како што навел лични причини.

Треба да знаете
Последни објави