РК Алкалоид убедлив против Прилеп

Ракометниот клуб на  Алкалоид запиша убедлив триумф над Прилеп од 45:23 во првата средба од 4. коло во Суперлигата.

Домаќините уште во првиот дел ги решија сите дилеми  околу победникот откако се стекнаа со двоцифрена предност (23:13) предност која продолжија да ја зголемуваат и во вторите 30 минути.

Со ова Алкалоид го задржа 100 процентниот учинок во шампионатот, а лидер во најновиот триумф кога се во прашање стрелците бе крилото Костески со седум погодоци.

Во наредното коло четата на Лазаров му гостува на Тиквеш во Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави