Маркетите кои нема да ги намалат цените, можат да добијат и клуч на врата

Повеќе од 40 тимови или повеќе од 120 инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), ротирани во различни градови, денеска (25 септември), проверуваат дали се почитува одлуката на Владата за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи. Ова го истакна директорот на ДПИ, Горан Трајковски на прес-конференција.

Постои можност и маркетот да биде затворен, велат од Државниот пазарен инспекторат.

„Секој оној кои што нема да ја почитува одлуката и нема да има поставено јасно означена ознака ќе биде санкциониран по нашите законски прописи А секој оној кој ќе се обие на каков било начин да примени нечесни трговски практики ќе биде затворен од страна на државниот пазарен инспекторат“, Горан Трајковски директор на државен пазарен инспекторат.

Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Треба да знаете
Последни објави