Звонимир Бобан ќе биде директор на Рома?

Минатата недела Иван Јуриќ го наследи Даниеле де Роси на клупата на Рома и на своето деби забележа победа од 3-0 против Удинезе. Покрај Де Роси, од клубот си замина и извршната директорка Лина Солуку, по која одлука се огласи клубот од Рим.

„Рома соопштува дека извршната директорка Лина Солуку поднела оставка. Ѝ благодариме на Лина за посветената работа во критичниот период за клубот и ѝ посакуваме сè најдобро во иднина.

Сопствениците на клубот остануваат целосно посветени на растот и успехот на Рома, истовремено фокусирајќи се на вредностите кои го прават нашиот клуб посебен“.

Италијанска „Газета дело Спорт“ пишува дека Звонимир Бобан би можел да ја наследи Гркинката на позицијата извршен директор, а се споменуваат и поранешниот претседател на Рома и директор на Милан, Умберто Гандини и поранешниот полски напаѓач и актуелен потпретседател на УЕФА, Збигњев Боњек.

Треба да знаете
Последни објави