Душко Тошиќ ги шетал љубовниците низ Истанбул, на Сораја ѝ купил белегзија од 60.000 евра

На Душко Тошиќ низ годините слабост му биле манекенките и водителките, а според некои тврдења и елитните проститутки. Дури и мајката на Јелена јавно тврдела дека фудбалерот е невиден швалер.

Во своите последни изјави за аферата со фудбалерот Огњен Врањеш, која ѝ го уништи бракот, Јелена Карлеуша изјави дека тие онлајн разговори за неа биле начин да му се одмазди на сопругот за неверствата.

Иако, денес многу повеќе се зборува за аферата на Јелена, факт е дека во периодот додека беа во брак Душко Тошиќ многу често наоѓаше место во српските таблоиди заради неговите наводни афери и врски со познати српски афери и старлети.

Во 2012 година, мајката на Јелена, Дивна учествуваше во едно реално шоу, па во разговор со Зорица Марковиќ рече дека некој видовит човек ѝ рекол дека Јелена на крај ќе се омажи за богат Американец, а прокоментира и за тогашниот зет Душко:

Него Јелена не го интересира! Знаеш, Душко ти е невиден швалер. Ма, ме боли уво, само нека е таа жива и здрава“, рече таа.

За аферите на Душко се пишуваше на долго и на широко, а Јелена со години се трудеше да покаже дека нивниот брак е стабилен и дека тоа се само празни пишувања во таблоидите.

Но, со текот на времето се покажа дека многу често, гласините се засновани и на вистини.

Во продолжение да се потсетиме на некои од аферите и девојките со кои Душко беше поврзуван низ годините:

Меѓу убавите девојки со кои Душко низ годините беше поврзуван беа манекенките Софија Милошевиќ, Ана Јовановиќ, Владана Раилиќ.

Меѓу девојките кои ги поврзуваа со Душко беше и водителката Сања Радиновиќ, која беше поранешна мисица.

Интересно е што овие девојки, експресно ги демантираа гласините во медиумите и тврдеа дека ништо од напишаното не е точно.

Но, во 2019-та година, додека Јелена имала афера со Огњен, Душко бил зафатен со друга Србинка.

Наводно, во тој период тој бил во врска со поранешната учесничка во реалното шоу „Големиот брат“, Сораја Сара Вуќелиќ, која била заедно со него во Турција.

Наводно, поранешниот фудбалер во тој период ѝ ветувал на љубовницата дека ќе се разведе од сопругата и дека набрзо тие двајца ќе прекинат да ја кријат љубовта.

Според српските таблоиди, додека Јелена била во врска со Огњен, Душко немал време за сопругата затоа што на љубовницата ѝ купил белегзија од 60.000 евра, облека и чевли.

Во српските таблоиди се пишуваше дека Јелена под дрво и под камен ја барала Сораја за да ги демантира написите во српските таблоиди, но не успеала во тоа.

Инаку, според српските медиуми, Јелена Карлеуша со години наназад имала навика да ги прогонува љубовниците на Душко и од нив да бара да демантираат дека биле во врска со него.

Така манекенката Владана Раилиќ прво тврдеше дека била во врска со Душко, за по два дена да го демантира тоа што го кажала и да почне да тврди дека Инстаграм профилот ѝ бил хакиран.

Сличното се случи и со манекенката Софија Милошевиќ, па Јелена дури и почна да носи нејзини модели и двете соработуваат.

Последниот скандал се случи на почетокот на годинава, кога Северина ја објави преписката во која Душко ѝ се додворува и ја кани на кафе.

Сè на сè, списокот на љубовници на Душко низ годините е подолг, а јасно е дека слабост му биле манекенките и водителките, додека според некои информации тој редовно ги користел и услугите на елитните проститутки.

Јелена сама призна дека со текот на годините таа му ги простувала сите неверства, но тој не можел да ѝ прости.

Според други, пак, таа секојдневно добивала видеоснимки од авантурите на Душко и со нив го уценувала да останат во брак, но на крај тој успеал да се разведе.

Треба да знаете
Последни објави