Позната цената на билетите за ракометното дерби Вардар – Е.Пелистер

Официјално пуштени се во продажба билетите за саботното дерби меѓу Вардар и Е.Пелистер. Мечот е закажан за во сабота, 28 септември 2024 година во 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Продажбата ќе се одвива онлајн и преку продажната мрежа на МКТИКЕТС – https://mktickets.mk/event/rk-vardar-1961-rk-eurofarm-pelister/

За влез во сала ќе ви треба да имате купено билет, или испечатен ваучер што ќе го купите онлајн (може и во ПДФ формат на вашиот телефон)

  • Цени на билети по блокови:

БЛОКОВИ – 1, 2, 3, 16, 8, 11
Цена – 350 ден

БЛОКОВИ – 4, 5, 6, 7, 12, 13, 14, 15, А1,
Цена – 350 ден

БЛОКОВИ – А2, А3, А5, А6
Цена – 500 ден

Од РК Вардар информираат дека на денот на натпреварот од 14:00 часот ќе се продаваат билети и пред салата во билетарницата.

Треба да знаете
Последни објави