Навивачите на Рапид и Австрија Виена се пресметаа на теренот

Домаќинот победи со 2-1, но ова големо дерби ќе остане запаметено по големите навивачки немири кои се случија по завршување на мечот.

Неколку лица беа повредени, а првичните информации велат дека најмалку едно лице е во тешка состојба и било однесено со брза помош.

Гостинските навивачи на Австрија почнаа да фрлаат пиротехнички средства на теренот, а потоа одговорија и навивачите на Рапид.

Конфликтот потоа прерасна во масовна тепачка меѓу двете навивачки групи, а полицијата мораше да ги растера со солзавец.

Треба да знаете
Последни објави