Интересна трка во Мизано за победа на Енеа Бастијанини (ВИДЕО)

Шпанскиот мотоциклист Хорхе Мартин водеше речиси цела трка откако го мина Пеко Бањаја и зад себе го имаше Енеа Бастијанини, но домашниот возач дочека напад во последниот круг и со доста агресивен пристап успеа да го мине Мартин.

Иако беше на границите на дозволеното, стјуардите одлучија дека станува збор за чист потег од Бастијанини и така победата за големата награда на Емилија Ромања му припадна на Италијанецот, а со оваа одлука дефинитивно не се согласи Хорхе кој не го криеше незадоволството по крајот на трката.

Покрај Бастијанини и Мартин, последното место на пиедесталот му припадна на Марк Маркез, а тоа се случи откако Шпанецот доби огромен порадок од Бањаја.

Светскиот шампион притискаше да остане блиску до водечкиот двоец, но префорсира на седум круга пред крајот и доживеа пад во осмиот свиок.

На овој начин, Мартин ја зголеми предноста во генералниот пласман, Бањаја останува втор, додека по денешната победа трет е Бастијанини кој има еден бод повеќе од четвртопласираниот Маркез.

Историски гледано, ова беше јубилејна 100-та победа за Дукати како тим во Мото ГП, па затоа сите во црвениот табор посебно и се израдуваа на истата.

Треба да знаете
Последни објави