Онколошките болни со апел за повеќе лекови на позитивната листа од генериката потребна за нив

Пациентите заболени од хронична леукемија на листата можат да најдат само еден лек, останатите од гамата на Тирозин, Киназа, инхибитори наместо на Фондот за здраство на товар на болните, но ретко кој може да си ги дозволи.

Од Здруженијата на пацинти со ХМЛ, бараат повеќе лекови за повеќе спасени животи

„Важно е да се стават лекови на позитивна листа кај животно загрозувачки болесто од Леукемија се умира и ако нема соодветна терапија над 30 % од пациенти не одговаар позитивно и затоа апелираме да се стават дасатинмовот и и нилотиновот на позитивна листа“, вели Нино Пепи Здружение на пациенти со ХМЛ.

На голем дел од онколошките пациенти точната дијагноза се утврдува доцна оти постои само едно одделение за иглена биопсија, а се помалку патолози. Со поголеми проблеми пак се соочуваат пациентите од внатрешноста кои често остануваат без дијагноза и терапија.

„Немаме патолози кои ги работаат тие биопсии а се многуи важни и со нив се добива конечната дијагноза за лимфон. Би било убаво кога би се отвориле и други центри или да се направи децентрализација во другите градови“, рече Милица Кузмановска Здружение Хема Онго.

„Има пациенти кои не можат да дојдад од другите градови нема средства и за тоа им треба помош“, рече Лидија Пецова Здружение Хема Онго.

Но лековите и терапијата не се единствените проблеми на онколошките пациенти. Лидија Стефановска за 24 анализа сведочи и за хаосот на единствената онколошка клиника во земјава.

Надлежните најавија пакет на мерки за дисперзирање на Клиниката за онкологија. Пред една година јавноста се крена на нозе и згрози од скандалот на клиниката за онкологија, но се уште епилог нема, а според ОЈО “истрагата е се уште во тек”.

Треба да знаете
Последни објави