Палчо за таткото на Вања: Тој човек е наместен од полицијата

Судот не го прифати барањето на мајката на убиеното девојче Вања Ѓорчевска јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа.

Јавната обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска во судницата пред воведните зборови побара исклучување на јавноста од целата главна расправа, поради заштита на приватниот живот на оштетената Зорица, мајка на починатата Вања Ѓорчевска.

Но, судот не го прифати предлогот.

Според јавната обвинителка, мајката на Вања сакала да го заштити нејзиниот приватен живот, но и животот на втората ќерка, а притоа, и здравјето оти медиумските известувања за овој случај и влијаеле.

Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо кажа дека поради ова нема да ја повика мајката на Вања да сведочи за да не се вознемирува.

Денес во судницата на рочиштето за двојното убиство на Вања и Панче, првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо изјави дека „родителот на Вања, Александар е наместен од полицијата и дека не го познава“.

-Ова е политичка наредба, ова обвинителство раскажува приказни. Родителот на Вања е наместен од полицијата. Јас, Александар не го познавам ниту пак обвинителството докажало меѓу мене и него. Јас бев киднапиран, благодарение на судијата на претходна постапка, но кога дојдов во затворот Скопје, констатирав дека има комплетно погрешни податоци. Бев на понижувачки начин со калашникови донесен пред судија на претходна постапка Душан Јосифов.

70% од мојата кичма не е во функција, јас ќе одев да направам магнетна резонанца во Турција, на 20-ти мај мојата ДНК е ставена, изјави Палчо.

Треба да знаете
Последни објави