Флик: Барселона може до трофејот во ЛШ

Шпанскиот фудбалски клуб Барселона го започнува настапот во Лигата на шампионите каде во првото коло гостува на Монако.

„Можеме да ја освоиме Лигата на шампиони. Големите клубови како Барса сакаат да освојуваат титули и Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување во светот. Подготвени сме да играме против најдобрите“, изјави тренерот на Каталонците Ханси Флик на прес конференција пред дуелот.

„Не ме интересира минатото, треба да се фокусираме на сегашноста. Имаме серија на победи во Ла Лига и треба да останеме фокусирани што е неопходно кога стартувате во ЛШ. Што и да се случувало во минатите издание на ова натпреварување, останува во минатото“.

Треба да знаете
Последни објави