Хакери бараат шест милиони долари за датотеки украдени во кибер напад од аеродромскиот оператор во Сиетл

Хакери бараат шест милиони долари во биткоин од операторот на меѓународниот аеродром Сиетл-Такома за документи што ги украле во кибер напад минатиот месец и ги објавиле на темната мрежа оваа недела, изјави вчера официјален претставник на аеродромот, Ленс Лајтл.

Пристаништето во Сиетл, сопственик и оператор на аеродромот, одлучи да не плаќа, рече официјалниот претставник.

Аеродромот претходно го поврзуваше нападот со банда за откуп наречена Рисида, а сега ФБИ води кривична истрага, рече Лајтл. Тој пред комисијата на американскиот Сенат изјави дека аеродромот изгледа го запрел нападот, но хакерите сепак можеле да шифрираат некои податоци.

Лајтл не ги опиша документите. Тој рече дека аеродромот ќе контактира со сите поединци чии лични податоци можеби се украдени. 

Треба да знаете
Последни објави