Николоски: Македонија и Албанија се споени на патот кон ЕУ, но Албанија никогаш нема да стане членка

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, во интервју за Канал 5 говореше за евроинтегративниот процес на Македонија, нагласувајќи дека нашата земја е споена со Албанија на патот кон Европската Унија. Николоски истакна дека тој прв ја дал оваа изјава, поткрепувајќи ја со договор меѓу Бујар Османи и тогашниот министер за надворешни работи на Албанија.

„Тогаш никој не веруваше, па дури и владата испраќаше соопштенија дека тоа било научна фантастика. Но, научната фантастика се реализира и двете земји станавме споени во процесот,“ изјави Николоски. Тој додаде дека според неговото мислење, Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ, не поради самата Албанија, туку поради ставовите на Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави