Геометар од Министерството за финансии обвинет за изработка на лажно решение за приватизација на земјиште

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А. (39) од Струга, поради сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

Според информациите, обвинетиот, кој работел како помлад референт-геометар во Министерството за финансии, во Управата за имотно-правни работи во Струга, изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште. Тој внесол број од друг предмет, лично се потпишал и го фалсификувал потписот на овластениот потписник, додека воедно го втиснал службениот печат од Министерството за финансии за првостепена постапка.

Лажното решение било испратено на 29 мај 2024 година до Одделението за катастар на недвижности во Струга, со намера да биде впишано и спроведено. Архивираниот предмет, чиј број го искористил, веднаш по изработката бил уништен.

Треба да знаете
Последни објави