Следните два дена променливо облачно време со дожд, викендот сончево со пораст на температурата

Во следните два дена ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаб локален дожд во планинските региони. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Треба да знаете
Последни објави