Шоу на Ѓоковиќ и Димитров пред, за време и по егзибицискиот меч во Софија

Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров добро се забавуваа пред, за време и по егзибицискиот меч во Софија.

Димитров во минатото,му гостуваше на Новак на Адрија тур, а сега Ѓоковиќ реши да му возврати.

На крајот победи Димитров со 2:1, а тенисерите на публикатат и приредија вистинска забава, дури и „стриптиз“ на Новак и Григор, кој Маријана Вељовиќ, судијата на мечот, го испрати со насмевка на лицето.

Сепак, многу поинтересно беше по мечот, тенисерите продолжија во ноќен клуб, а Ѓоковиќ се фатил за микрофонот.

Ѓоковиќ најпрвин ја отпеа песната на ОК бенд „А во меѓувреме“, а потоа со бугарската пејачка Камелија го отпеа нејзиниот хит „Луда по тебе“. Сепак, не заврши тука, на ред дојдоа тапаните и тука српскиот ас ги покажа своите вештини.

Како домаќин добро се забавуваше и Григор Димитров, но не беше баш храбар да го земе микрофонот.

Треба да знаете
Последни објави