Сергеј Трифуновиќ осуден на условна затворска казна од два месеца

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ доби затворска казна од 60 дена, која нема да ја одлежи доколку во рок од една година не го стори истото дело, соопшти „Слободна Далмација“.

Бидејќи во понеделник на полноќ беше уапсен на граничниот премин Бајаково и спроведен во Сплит, ќе му се бројат 59 дена условна казна.

Трифуновиќ ќе треба да плати судски трошоци во износ од 150 евра, а се откажа од правото на жалба.

Пресудата е правосилна.

Треба да знаете
Последни објави