Конференција за реформите за подобрување на образовниот систем во хотел „Лимак“

Конференција на тема „Обезбедување на одржливост на реформите за подобрување на образовниот систем“, ќе се одржи денеска во хотелот „Лимак“ во Скопје, со почеток во 8:30 часот.

На конференцијата предвидено е поздравно обраќање на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Покрај, министерката, поздравно обраќање ќе има и Александру Албу од  Делегацијата на Европска Унија во нашата држава.

 Модератор на конференцијата ќе биде Валентин Нешовски, експерт за комуникации во проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“.

Треба да знаете
Последни објави