Во ДПМ ќе бидат врачени традиционалните годишни награди

Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе се одржи свеченото врачување на традиционалните годишни награди на Друштвото за 2023 година.

Како што најавија од ДПМ, ќе биде врачена наградата „Стале Попов“ за „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, наградата „Ацо Шопов“ за „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, „Ванчо Николески“ за „Земјата на чудесните сказни“ од Билјана С. Црвенковска, како и „Димитар Митрев“ за „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ.

Треба да знаете
Последни објави