И покрај противењето на опозицијата, се изгласа задолжувањето од Унгарија

Собранието го изгласа задолжувањето од Унгарија во износ од 500 милиони евра. И покрај приговорите на опозицијата, власта ја продолжи процедурата. Договорот со Унгарската банка за извоз и увоз, велат од Владата, ќе биде потпишан веднаш откако претседателката ќе го потпише указот за прогласување на законот за задолжување на претседателот.

Од опозицијата велат дека постапката е сомнителна. Според нив, Владата ги втурнува граѓаните во долгови од кои тешко ќе се извлечат. Тоа предизвикува и сомнеж за влијанието на заемот врз суверенитетот на земјата.

„Ова задолжување кое се спроведува тајно, без транспарентност е напад врз економијата на земјата, влијае на финансиската стабилност и суверенитет. Како е можно само пет дена по формирањето на новата влада, унгарската банка Ексим да достави писмо со намери за заем од половина милијарда евра. Уште повознемирувачки е фактот што ВМРО уште од времето кога беше во опозиција почна да разговара за ова задолжување со странски влади“, рече Фатмир Битиќи, СДСМ.

Надлежните велат дека за разлика од претходната влада која се задолжуваше за плати и пензии, овие средства ќе се користат за капитални инвестиции.

Заемот ќе се подигне одеднаш, ќе има рок на отплата од 15 години, со 3 години грејс период. Каматата ќе изнесува 3,25%

Треба да знаете
Последни објави