Шефицата на севернокорејската дипломатија замина за Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи замина за Русија за да учествува на четвртиот Евроазиски женски форум и на женскиот форум БРИКС во Санкт Петербург, соопшти московската амбасада во КНДР, пренесе БТА.

Од амбасадата посочија дека е предвидено министерката да има говори и да учествува во дискусии на форумот што ќе се одржи од 18 до 20 септември.

На претходните изданија на форумот присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин, но Кремљ засега не го објави неговото учество на овогодинешниот настан. 

Треба да знаете
Последни објави