Напад врз две малолетни деца во Скопје, родителите пријавиле во полиција

Две малолетни деца во одделни настани биле нападнати во Скопје.

Случаите ги пријавиле родителите на нападнатите момчиња.

Вчера околу пладне, малолетникот бил нападнат од 55-годишен скопјанец, кој според пријавеното, се однесувал агресивно и кон таткото. Не се знае која била поврзаноста на таткото и момчето со напаѓачот.

Во вториот случај регистриран во полицискиот билтен, 47-годишниот С.Ц. од селото Булачани, скопско, пријавил дека претходниот ден во 23.15 часот во село Виниче неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.З.

MВР ги расчистува случаите.

Треба да знаете
Последни објави