Скандал во Гевгелија: Лекарка без диплома седум години лечела пациенти

Докторка во Гевгелија, седум години лекувала луѓе со лажна диплома. Настанот се случил во 2016 година, кога со лажна диплома конкурирала за вработување, објавува Канал 5.

Вистината излегува на виделина кога докторката побарала да и биде издадена лиценца за лекар специјалист анестезиолог од Лекарската комора. 

Доктортката уверениe за завршен медицински факултет доставила лани во 2023 година, а специјализацијата за која се потребни пет години, ја завршила само неколку месеци подоцна во 2024 година, со што се покажало дека докторката всушност дипломирала за време на нејзиниот работен стаж.

Директорот на болницата треба да даде исказ за случајот во Обвинителството во Гевгелија.

Треба да знаете
Последни објави