Опасниот циклон „Борис“ оди кон соседството, ќе стигне ли до Македонија?

Циклонот „Борис“ веќе прави штети во средна Европа, а стигна и до Хрватска, каде што падна снег. Во Италија предизвика поплави, а најтешко ќе бидат погодени Полска, Чешка, Словачка, Австрија и Хрватска.

Во Србија веќе има предупредување за доаѓање на циклонот Борис. Во центарот ќе биде северна Србија, одновно Војводина.

„Налетите на ветрот тешко се проценуваат бидејќи се нешто послаби во текот на циклонот, отколку на почетокот“, јавуваат српските метеоролози.

Циклонот Борис ќе ослабува кога ќе влезе во Србија, а се очекува потоа да продолжи кон исток, додека еден крак ќе ги погоди послабо и Црна Гора и Албанија.

Треба да знаете
Последни објави