СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Итегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Наместо да се повлече од скратената постапка за носење на коруптивниот Закон за кредит и да отвори јавна расправа, во редовна и транспарентна процедура, власта на Мицкоски го турка по секоја цена.

За денеска е закажана седница на Комисијата за финансисрање и буџет од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Нема редовна постапка, нема експертска дебата, нема информирање на граѓаните и поминување на сите собраниски филтри.  Власта сака набрзина да го истурка скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција. 

Што сака да сокрие власта на Мицкоски за задолжувањето од 500 милиони евра?

Корупцијата којашто ја подготвиле и ја договориле, заедо со провизиите и скриените трошоци.

Законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници, нема јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите. 

Мицкоски едно зборува во говорите а друго прави. Со оваа власт нема ниту правна држава, ниту транспрентност, ниту отченост, ниту отвореност. Се враќа начинот на владеење како пред 2016 година.

Мицкоски си испиша корупција на чело.

Треба да знаете
Последни објави