Мицкоски нема да ги намалува платите на функционерите, на граѓаните им порача да се борат ако сакаат повеќе да заработуваат

Запрашан дали ќе се намалуваат платите на функционерите, премиерот Христијан Мицкоски во подкастот „Претрес“ рече дека ќе се намалел коефициентот со што платите немало повеќе да растат.

„Ќе го намалиме коефициентот, платите не можеме да ги намалиме. Ќе го намалиме коефициентот со што ќе се замрзнат платите, нема да се покачуваат. За во иднина ние мора да направиме систем за плати и мислам дека треба да има систем за исти коефицинети на различни места да бидат“ вели Мицкоски.

На коментар од водителот дека граѓаните имаат ниски плати и на прашањето дали тој би можел да преживее еден месец со минимална плата, Мицкоски се наврати во својата младост спорелувајќи дека тој работел и две работи во исто време.

„Малкумина знаат, ќе споделам, јас работев кога се вратив од студискиот престој во Италија во една компнанија ФОНКО и тоа беше супер успешна компанија, платата ми беше огромна во тие услови, можеби, последниот месец со се наградата која ја добивав достигна до 118.000 денари. Ова пред повеќе од 20 години, кога и парите имаа поголема цена. Јас дадов отказ, напуштив, бев избран како асисент на машинскиот факултет кај професорката Емилија Ветаџокоска и мојата прва плата беше 15.000 денари, како асистент. Првата година кога со сопругата запловивме во брачни води, кога се роди сега повозрасниот син Јован таа работеше во ск.гимназија Орце Николов за 4.000 денари, а јас работев на машинскиот факултет како асистент, малку ми порасна платата 18.000 денари. И бидејќи тоа не ни стигаше работев двојна работа, во канал на А –тест во машинскиот факултет прегледувавме возила, камиоини и заработував уште една плата. Сакам да кажам дека ако нешто не ви е доволно треба да се борите за да дојдите до тоа што ви е доволно“ порача Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави