Сообраќајка доцна синоќа на патот Битола – Демир Хисар – Три лица се повредени

Неколку лица се повредени откако се судрија две возила во битолско.

– На 09.09.2024 во 22.16 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Демир Хисар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(21) од Битола и патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.А.(30) од село Белче, демирхисарско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „хјундаи“, М.Г.(21) од село Брусник, битолско и возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „хјундаи“, констатирани во Клиничка болница во Битола, соопштија од МВР.

Треба да знаете
Последни објави