МВР со детали за сообраќајката кај МАНУ

МВР со детали за сообраќајката која вчера се случи кај МАНУ.

– На 10.09.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.С.(42) од Скопје излетало од коловозот, удрило во бетонска жардинера и се превтрело. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави