Вакви инциденти ќе има се почесто, вели Мицкоски за тензиите во Врапчиште

Премиерот Христијан Мицкоски  денеска ги коментираше тензиите во општина Врапчиште и изјави дека слични инциденти ќе има и во блиска иднина.

„Ова се изолирани инциденти, и ќе има уште вакви. Вие ја слушнавте изјавата на Владиката, кој се оградува од ваквите од инциденти, жителите на село Галате исто така се оградуваат, а она што е интересно на социјалните мрежи излегоа слики на некои лица кои се во друштво на политички активни ликови. Ако се земе предвид поддршката политичка во Врапчиште, но и полициската структура во СВР Гостивар, тоа е дел од оној фолклор да се сее етничка нетрпеливост, ваков тип на инциденти ќе има, затоа што не можеме ние како влада, имајќи ги во предвид последните промени во Законот за полиција, не може да се случат промените во раководните структури. Ќе мора за следните 2-3 месеци да се случи измена на тој Закон, и да има измена во тие раководни структури, за да можеме реално да ја имаме ситуацијата под контрола. Немајте дилема дека криминалните стурктури во минатото, ќе прават вакви инциденти во блиска иднина. Самите жители на Галате го отфрлија ова, самиот Владика го отфрли сево ова, апелирам сега кога државата оди во нагорна линија, граѓаните да не наседнуваат на вакви провокации“, изјави Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави