Се судрија „опел“ и мотоцикл во Сарај, повредени две млади момчиња

Вчера во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„20“ во село Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ф.(40) и мотоцикл „бенели“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ш.(29), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник А.И.(21) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од полицијата во дневниот билтен.

Треба да знаете
Последни објави