Во Минхен убиен осомничениот за пукањето во близина на Израелскиот конзулат, бил австриски државјанин со потекло од БИХ

Осомничениот за пукањето во близина на Израелскиот конзулат во Минхен е убиен во размена на оган со полицијата, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман, а станува збор за исламист, кој од претходно и бил познат на полицијата.

„Мораме да претпоставиме дека нападот врз Израелскиот генерален конзулат можеби бил планиран изутрината“, рече Херман.

Како што објави „Билд“, станува збор за Емрах И.(18), роден во Австрија, со потекло од Босна и Херцеговина.

Треба да знаете
Последни објави