Владата засега нема план да купи нови автобуси за Скопје од државниот буџет

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека проблемот што скопјани го имаат со јавниот градски превоз нема да се реши ако сега почне постапката за набавка на 250 нови автобуси, како што побара скопската градоначалничка Данела Арсовска.

– Ние стоиме на располагање да слушнеме план, да го поддржиме тој план, но ако е планот „гласајте да земеме кредит за да набавиме автобуси коишто ќе стигнат догодина“, тоа нема да го реши проблемот што денеска го имаат скопјани – рече премиерот во одговор на новинарски прашања во врска со недостигот на автобуси во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Според Мицкоски, проблемот со автобусите во Скопје на брз рок ќе се реши само со мобилизација во ЈСП со вистинско и наменско трошење на средствата кои скопјани преку градската каса му ги даваат како субвенција на градското претпријатие.

– Но тоа не може да го стори Владата, туку Град Скопје, т.е. менаџментот на ЈСП – рече премиерот.

Треба да знаете
Последни објави