Експлодирала машина за обележување на ленти на пат во Скопје

Вчера во 13.05 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на патот од с.Јаболци кон с.Брезница, скопско, настанал пожар.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека додека двајца вработени во Јавното претпријатие за државни патишта со машина обележувале ленти на патот, машината експлодирала и од пламенот настанал пожар, кој зафатил нискостеблеста шума од двете страни на патот. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави