Тамара Тодевска на првиот ден од новата школска година: Среќно деца мои

Полека, но сигурно завршија летните одмори, а тоа значи старт на една нова учебна година. Година полна со предизвици, година полна со радост и смеа за оние најмалите.

Понеделнички, за дечињата официјално започна новата учебна година, меѓу сите нив и за дечињата на пејачката Тамара Тодевска, која овој убав ден го заокружи со убави спомени.

Имено, Тамара на социјалните мрежи објави неколку фотографии од синот Дарен и ќерката Хана од кои се гледа дека се превозбудени на првиот училишен ден.

Во кругот на најблиските убавата пејачка ги испрати своите најмили во училиште, а под објавата напиша: “Среќно деца мои”.

Треба да знаете
Последни објави