Прегазена 60-годишна жена во Скопје

Синоќа во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Чакаларов“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(26), удрило во Е.С.(60) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави