Приведен крадец во Куманово, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот,

На 31.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(44) од Куманово. Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 30.08. и 31.08.2024  од дворно место на ул.„Никола Тесла”, сопственост на Б.А.(26) од Куманово, одзел повеќе делови за автомобили.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Треба да знаете
Последни објави