Ден пред стартот на учебната година – редовен градски превоз нема да има, а не се знае дали ќе има редовна настава

Утре во Македонија започнува новата учебна година која во последните години по правило стартува со низа проблеми.

На еден ден пред почетокот на учебната година се уште не се знае дали сите ученици во сите одделенија ќе ги добијат навреме сите учебници по сите предмети.

Но ако тоа е нејасно, јасно е дека вработените во образованието оваа година нема да го добијат планираното покачување на платите од 12,5 отсто, согласно растот на минималната плата. 

Раководството на Синдикатот за образование и наука се уште се „крсти“ во Владата иако оттаму во неколку наврати јасно кажаа дека оваа година пари за поголеми плати нема да има, туку ги повикаа наставниците со пасија да си ја работат својата работа, а на покачување да почекаат до март 2025 година. 

Но интертноста на СОНК не ги предомислува дел од наставнциите кои се решени да стапат во штрајк со цел да издејствуваат повисоки плати. 

Денес напладне пред Министерството за образование ќе се случи протестен собир во организација на СДСМ, а попладне ќе протестираат наставниците од Битола.

Учениците во Скопје ќе се снаоѓаат како знаат и умеат да стигнат до училиштата 

Но почетокот на учебната година не значи само главоболки за наставниците и професорите, туку и за учениците и нивните родители.

Од утре дел од приватните превозници нема да сообраќат на своите линии, односно ќе има само еден автобус наутро а потоа автобусите ќе се вратат на паркиралиштата.

Сепак, дел од приватните превозници кои опслужуваат дел од линиите, ќе возат по редовен возен ред. 

Но тоа е мала утеха за граѓаните, за учениците и нивните родители, кои од утре ќе треба да се снаоѓаат како знаат и умеат за навреме да стигнат на училиште. 

На ЈСП Скопје му недостасуваат 150 автобуси само за да го одржи редовниот возен ред, па од утре, преполните автобуски постројки, гужвите во автобусите, но и во такси возилата ќе станат секојдневна слика во главниот град. 

И додека граѓаните мака мачат да стигнат од една до друга точка, првите луѓе на Град Скопје и на Владата, Данела Арсовска и Христијан Мицкоски продолжуваат со меѓусебни обвинувања и препукувања. 

Треба да знаете
Последни објави