ЗАПОЧНУВА КЛИМАТОЛОШКАТА ЕСЕН: Погледнете што точно значи тоа

Метео анализа на Славчо Попоски:

Септември го најавува почетокот на есента и есенската рамноденица која настапува на 23 септември, кога денот и ноќта се исти. Во основа се карактеризира со стабилно време, постепено намалување на температурата, посвежи и повлажни утра и ноќи и секако со прекрасно сонце во текот на денот. Ова е месец кога амплитудите на температурата се поголеми.

Уште еднаш да напоменам дека во првата половина од овој месец ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот (продолжено лето), но сепак како што кажав, ноќите  и утрата ќе бидат значително посвежи.

Почести и пообилни врнежи, како и пониски температури кај нас би требало да започнат околу или после 15-ти септември.

Треба да знаете
Последни објави