Милановиќ: Не сум против воениот рок, но без мене не може

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е и врховен командант на хрватските вооружени сили, денеска во Пожега изјави дека нема ништо против враќањето на задолжителниот воен рок, но го праша премиерот Андреј Пленковиќ дали мисли дека тоа го прави на сила, без него, имајќи предвид дека е неопходно да се направат некои нарачки.

„Го поканувам Пленковиќ, а не министерот за одбрана, Иван Анушиќ, бидејќи тој е само извршител на Пленковиќ, да разговара за тоа. Не сум против отслужување на воениот рок, но треба да се дадат соодветни наредби. Сакаш да издаваш наредби без мене? Како го замисливте тоа? Со сила“, рече Милановиќ.

Хрватската влада најави враќање на задолжителниот рок од 1 јануари в година, а Милановиќ смета дека тоа не е идеја за отфрлање, туку прашува колку луѓе планира Хрватска да мобилизира.

„Јас сум одговорен за општата состојба на армијата, а не Пленковиќ и Анушиќ. Одбранбената комисија ќе се состане и ќе разговара, јас и Пленковиќ ја свикуваме, тоа е сосема јасно. Немам негативно мислење за идејата, но треба да видиме што ни недостига“, изјави Милановиќ.

Милановиќ праша кому му текнало воениот рок да трае осум недели. Осум недели е базата, потоа треба да се специјализираат“, смета претседателот на Хрватска и повторува дека „ништо од ова не може да се направи без договор“.

Тој праша и колку луѓе ќе бидат мотивирани за воен рок: „Имаме ли луѓе? Или некој го прави тоа за некому да му угоди политички? Пет години го бранам Уставот и затоа сум вербално опасен, само кон насилниците, љубезен сум кон слабите“, рекол Милановиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Ние, рече тој, знаеме како функционира хрватскиот Устав, кој „Пленковиќ го сатиризира осум години, а единствената бариера сум јас“.

Треба да знаете
Последни објави