Почна празнувањето на општината Ѓорче Петров: Викендов е наменет за љубителите на филмската индустрија

Со настап на бендот Retro vibes почнаа Деновите на општина Ѓорче Петров, кои ќе траат речиси цел месец.

Вечер исполнета со добра музика, вкусна храна и пијалаци е она што го раздвижи централниот дел на Ѓорче за сите генерации и вкусови.

Викендов е наменет за љубителите на филмската индустрија, па, сабота, од 19.30 часот, на игралиштето „Бранители “ во Волково ќе биде прикажан филмот „Те дуа, жими мене“.

Недела е ден посветен на најмладите, а нивните насмевки ни се најважни пред почетокот на учебната година. Фестивалот за детски песни „Јаболчиња“ ќе почне од 13 часот во реонскиот парк.

За љубителите на старите автомобили на Корзо во Ѓорче ќе бидат изложени над 60 олдајмери, стари над 40 години, од соседните земји.

Културно-забавната програма ќе трае сè до 20 септември со голем концерт на познати македонски пејачи, а ќе бидат проследени и многу други настани со спортски, културен и забавен карактер.

Треба да знаете
Последни објави